ОПИС НА ХОТЕЛОТ


Многу важен фактор ќе биде новата политика во однос на менаџментот на човечките ресурси: секој вработен во новореновираниот хотел ќе работи со високо културен стил и на високо професионално ниво. Сите видови на оперативни активности ќе бидат поддржани со најнова компјутерска опрема со вграден соодветен софтвер.
Покрај тоа, основачите одлучија да ги опкружат своите гости со луксузен амбиент, користејќи за реновирање најквалитетни и најскапи материјали и опрема како гранит, шпански проѕирен мермер, мебел од кожа, лустери од чешки кристал, аксесуари од месинг, постелнини и пешкири од природни материјали, а есцајгот од порцелан, кристал и ростфрај. Во заедничките простории се планира инсталирање на три Плазма телевизори со поврзување на Сателитска антена и видео уреди. Гостите ќе имаат можност да ги користат хотелските компјутери и да одржуваат бизнис-состаноци. За комфорноста на објектот секако ќе придонесе и генералниот систем на климатизација и вентилација, но и дополнително клима-уред во секоја соба.
За создавање на пријатна атмосфера секако ќе придонесе и аперив-барот, каде преку ден нашите гости ќе можат да поминат неколку пријатни часови, а навечер да бидат брзо и квалитетно послужени со најатрактивна коктел-понуда, но и со најполн асортиман на алкохолни и безалкохолни пијалоци. Во текот на попладневните часови гостите ке имаат можност да ги пробаат слатките специјалитети од бесплатната слатка маса.
Во новата верзија хотел Атлантик ќе има 4.236 м2 вкупна површина, од кои 1.204 м2 се под хотелот, а 3.032 м2 се дворно место. Приземјето ќе зафати 996,16 м2, соби на три спрата - 1.084,13 м2. Паркинг пред хотелот - 1.000 м2, надворешни скали 50 м2, базен и пул-бар 200 м2, парк и зеленило - 1782 м2. Сместувачки капацитет распореден како што следи и како е прикажано на шемите број 5,6 и 7:
· 10 еднокреветни соби, 13 двокреветни и 3 апартмани.
Во приземјето (шема број 8) ќе се нао"аат:
- касино, основна сала, 801,76 м2;
- благајна, 13,81 м2;
- соба за дилери, 25,98 м2;
- тоалет, 47,19 м2;
- рецепција, 39,40 м2;
- канцеларија на менаџерот, 7,90 м2;
- кујна, 54,86 м2.
-
Создавајќи со најсовремените технички средства можности за непречено обавување на приватните бизнис-активности на нашите гости, а за нивните придружници највесела и најсовремена забава може да наведеме, дека во стандардната опрема на секоја соба ќе бидат вклучени: мини-бар со фрижидер, телевизор со вграден модем за поврзување на Интернет, видео-плеер, приклучок на Сателитските програми, телефакс, музички систем, а за децата - Play station.
Во летен период во склопот на хотелот ќе работи и отворен базен, а покрај него пул-бар, каде нашите гости ќе можат да се одморат од летната горештина.
Се разбира, и во овој дел, како и во сите други, императив на нашето работење е обезбедување на високо квалитетна услуга од страна на високо професионален и стручен кадар.

КАЗИНО


За разлика од останатите касина во регионот касиното Атлантик ќе работи со секој посетител одделно, така да секој од нашите гости ќе биде услужен со посебен респект. Ние почнуваме да се грижиме за нашите гости од нивните домови во Грција, од каде ќе им се обезбедува бесплатен превоз до касиното. При влезот секој посетител ќе треба да плати по 25 евра (за постојани и големи потрошувчи, кои ќе добиваат специјални членски картици, и влезот ќе биде гратис), а потоа добива жетони за играње во износ од 25 евра, бесплатна вечера, бесплатни пијалоци во текот на целата вечер, како и можност за учество во лотарии и наградни игри секој викенд и секој месец.
За посетителите на касиното кои имаат префинет вкус и посебни барања предвиден е и систем на членство во посебни играчници од затворен тип во самото касино, така наречени Привеа со посебно богат избор на игри: покрај вообичаените рулет и блек-џек, во Приве ќе може да се игра и бакара, крапс, и покер (обичен и карипски),и сето тоа пропратено со голема вариабилност на влоговите.Покрај тоа во наведената просторија ќе има посебен шанк со специјална услуга и луксузна понуда.
Многи новини се предвидуваат и во секторот со слот-машини. Нема веќе да има само покер или класични линеарни слот машини. Во делот предвиден за електронски игри, ќе се инсталираат и најразлични автомати: електронски рулет, електронски блек-џек, елктронски трки, електронски карипски и обичен покер, како и обични слот-машини со најразлични градации на минимален влог. Сите слот-машини ќе бидат поврзани во општ систем на прогресивен џек-пот без ограничување на премија.


 

 

 

 


HOTEL ATLANTIC
Created & developed by