ЛОКАЦИЈА НА ХОТЕЛОТ


Стар Дојран се наоѓа на крајната југо-источна точка на нашата република, на самата граница со Република Грција. Местото е оддалечено од Гевгелија 28 км, од Скопје 170 км, а од Солун 70 км..
На овие простори човек живее од каменото доба, за што сведочат многубројни предмети и артефакти пронајдени на оваа подрачје. Во регионот околу езерото со текот на вековите се создаде посебна култура со оригинални традиции на живеење, риболов, угостителство и дијалект. Вкупниот број на постојано население е околу 5.000 жители, додека во летниот период бројката се зголемува за уште 40.000 гости во просек. Оваа бројка не ги вбројува дневните и викенд посетители.
Езерото е едно од најстарите на светот и поради својата исклучителност во геолошка, ботаничка, зоолошка содржина како и питома,лековита клима е прогласено за туристичка населба и национален парк, каде е забранета изградба и функционирање на сите објекти од тешка индустрија за да се заштити еколошкиот биланс на средината.
Кон езерото гравитираат пет општини на Источна Македонија, а тоа се: Струмица, Гевгелија, Валандово, Богданци и Стар Дојран со повеќе од 150.000 жители. Од другата страна на границата на територијата на Република Грција со Дојранското езеро традиционално и административно се поврзани такви населени места како Дојрани, Дросато, Килкис, Серес, Драма, Верија, Пелас, Катерини и други со број на жители 790.000, но основната маса на нашите потрошувачи доаѓа од Солун каде живеат околу 1.000.000 жители.


 


HOTEL ATLANTIC
Created & developed by